Некогашниот голгетер на Челзи, Дидер Дрогба реши на 39-годишна возраст кариерата да ја продолжи во американскиот третолигаш Феникс Рајсинг. Воедно Дрогба стана и еден од сопсвениците на клубот.


Поранешниот репрезентативец на Брегот на Слонова коска, во ноември минатата година го напушти Монтреал Импакт и оттогаш е без ангажман, иако имаше понуда од Коринтијанс кариерата да ја продолжи во Бразил.

„Ми беше потребно време да решема за наредниот чекор. Верувам дека можам на овој клуб да оствари успехот, како на теренот, така и во самата организација“, рекол Дрогба на промоцијата.

Дрогба е легенда на Челзи, во два мандати во овој клуб мина вкупно девет години и со 162 гола даде голем придонес во освојувањето на четири шампионски титули во Премиерлигата, ФА купот и Лига купот, а беше клучниот човек и во освојување на Лигата на шампионите.

OhridNews