Напаѓачот Дидиер Дорба не планира да ја заврши фудбалската кариера иако има 38 години, но Олимпик Марсеј како опција отпаѓа, откако навивачите му го свртеа грбот.
Имено, поддржувачите на францускиот клуб на мечот со Монако извадоа транспарент на кој пишуваше „Дрогба, престани да говориш дека го сакаш Марсе. За еден месец ќе заработиш повеќе од нас кои работиме цел живот. Оди во Кина!“.
По заминувањето од Челси 2012 година, Олимпик Марсеј ги отвори вратите за Дрогба, но тој одлучи да се пресели во Кина, односно во тимот на Шангај каде имаше високи примања.
Никој, особено навивачите не му го заборавија тој потег на Дрогба и од тогаш голгетерот стана непосакувана личност на Велодром стадионот.
OhridNews