Напаѓачот на Монтреал, Дидиер Дрогба формата за почетокот на новиот шампионат во американската МЛС лига ќе ја темпира во Серија А.
Италијанските медиуми како нов клуб на Дрогба го наведуваат тимот на Болоња која има исти сопственик со сегашниот каде настапува репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска.
До сега во кариерата Дрогба нема биден дел од калчолигата откако од Марсеј се пресели во Челси, а од таму замина во турски Галатасарај.
Својата големина како фудбалер Дрогба ја покажа и во Америка каде во 11 настапи постигна 11 голови.
Мх.П.











