Англискиот премиерлигаш Арсенал со тесни 2-1 го совлада „Ол стар“ тимот составен од америчката професионална МЛС Лига.
За америчките ѕвезди настапуваа Давид Виља, Кака, Себастијан Џовинко, Андреа Пирло и стрелецот на погодокот за Дидиер Дрогба.
„Топчиите“ во комбиниран состава успеаја да се справат со искусните фудбалери и да победат на првиот меч на турнеата во Америка.
Стрелци на головите за Арсенал беа Џо Кембел од пенал во 11-та и Акпом во 86-та минута од натпреварот.
OhridNews