Гостувањето на актуелниот шампион Пелистер мотив повеќе за уште една добра ракометна претстава на “Гладијаторите”.

Позади нас е една добра серија на победи кои се остварени со напорна работа што ни дава право да се надеваме на позитивни резултатите и во останатиот дел од првенството. Еурофарм Пелистер е се уште актуелен шампион на Македонија што ни дава мотив плус за надигрување. Очекувам поддршка од домашната публика и се надевам ќе бидеме сведоци на уште еден празник на ракометот во Охрид, вели вели бекот на ГРК Охрид, Стефан Дрогришки.

 

Натпреварот се игра во недела во салата „Билјанини Извори“ со почеток во 19 часот.

OhridNews