Германската фудбалска легенда Франц Бекенбауер предвидува дека за многу брзо време фудбалот ќе претрпе одредени промени.
Според популарниот „Кајзер“ дронот кое е безпилотно летало целосно ќе го замени фудбалскиот судија на теренот.
– Живееме во век во кој се се врти околу технологијата. Сите знаеме и свесни сме дека технологијата во фудбалот нема да застане само на гол линијата туку ќе го има и главниот збор – рече Бекенбауер.
Безпилотното летало најголема промоција имаше на мечот во Белград, Србија и Албанија кога долета на „ЈНА“ со знаме од Голема Албанија што подоцна иницираше прекина на натпреварот.
Мх.П.