Холивудската актерка Дру Баримор е бремена, и како што пренесуваат американските медиуми, чека девојче. Актерката неодамна во една прилика изјавила дека би сакала да добие девојче, и сега откако го дознала полот била многу возбудена.
Во американските таблоиди исто така се шпекулирало дека Дру Баримор и нејзиниот вереник Вил Копелман ќе се венчаат пред раѓањето на нивното прво дете. Неименуван извор изјавил дека Дру сакала да се омажи за Вил многу брзо, и тоа не затоа што била бремена, туку затоа што го сакала.