Екипите од ЈП „Охридски комуналец“ беспрекорно го завршија украсување, следени од будното око на директорот Сашо Алчев.
Како што објаснија од локалната самоуправа, годинава се користат украси од минатите години, а набавени се и нови со цел во новогодишно руво да блеснат и периферните делови од градот, а не само централното градско подрачје.
– Ние имаме наши украси, а не како во Скопје што се изнајмуваат. Украсите преку година ги одржуваме, а секоја година ги надополнуваме со нови со што Охрид од година во година е се поубаво украсен, изјави градоначалникот Александар петрески.