Инцидентот се случил утрово во 04.35 часот. Во водите на Охридското Езеро кај Лагадин, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор го затекналее албанскиот државјанин К.С. (47) во вршење незаконит риболов со блинкери во пловен објект.
Поради постоење основи на сомнение за „Илегално преминување на државната граница“ и „Незаконит риболов“, него, судија на претходна постапка при основниот суд во Охрид, му одреди мерка „Краткотраен притвор“, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Во пловниот објект што го користел рибокрадецот од Албанија, пронајдени биле 22 топки со 110 блинкери и друг риболовен алат кои, заедно со пловилото се одземени.
По целосно документирање на настанот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Г.М.