Градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко, се’ уште ги нема повлечено средствата во висина од 1.8 милиони денари одобрени од Министерството за финансии на иницијатива на ВМРО ДПМНЕ во Собранието, наменети за изградба на кружен тек на раскрсницата кај Мислешевски пат. Проектот треба да отпочне со реализација до 30.11.2019 година, но доколку не почне, обезбедените средства ќе пропаднат, обвини денеска на прес конференција ОК ВМРО ДПМНЕ – Струга.
Ваквото неодговорно однесување на коалицијата СДСМ-ДУИ е уште еден удар за Струга и стружани бидејќи на раскрсницата кај Мислешевски пат секојдневно се соочуваме со сообраќајни несреќи, кои, за жал, некогаш се со кобни последици. Градоначалнику, и покрај одобрените финанскиски средства, Вие и Вашите коалициони партнери од СДСМ, со прст не мрднувате да го решите долгогодишниот проблем со кој се соочуваат стружани. Колку вредат животите на стружани за Вие да преземете нешто? – прашуваат од ВМРО ДПМНЕ.

OhridNews












