Министерката за правда, Рената Дескоска, изјави дека државата ќе бара екстрадиција на поранешниот премиер, Никола Груевски, за настаните од 27 април 2017 година во Собранието. Тој е осомничен дека е еден од организаторите на насилниот упад во законодавниот дом.
Дескоска информира дека досието е комплетирано и ќе биде испратено до унгарските власти.
Груевски избега од државата во Унгарија каде доби политички азил откако беше осуден на двегодишна затворска казна за набавката на „мерцедесот“, а е обвинет и во други случаи на СЈО.
OhridNews