Повеќе од 90 граѓани на Охрид добиле позитивни одлуки во рамки на проектот за еднократен отпис на долговите на ранливите категории. Ова го соопшти Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, во рамки на последната посета на Охрид.

-Овој проект кој што го дадовме како ветување и кој е дел од програмата на Владата на Република Македонија е во напредна фаза на реализација, досега вкупно има 4.670 позитивни одлуки за еднократен отпис на долговите во вкупен иззнос во над 7 милиони евра, што е вистински показател на успешноста на проектот и големината и обемот на долговите по основ на потрошена електрична енергија, долгови кон банките, долови по основ на радиодифузна такса и долгови спрема топлификација кои што еднократно се отпишуваат. Во рамки на општина Охрид согласно со последните податоци, односно досега обработените предмети има повеќе од 90 позитивни одлуки кои што се доставени до граѓаните, изјави Спасов.

Како одговор на новинарско прашање, министерот појасни дека исплатата на социјалната помош се одвива тековно и без задоцнувања.

-Последната исплата на примателите на социјална парична помош се случи на средината на декември минатата година. Очекуваме во текот на следната година да се изврши исплата на социјалната парична помош за изминатиот период и исто така би сакал да истакнам дека и надоместокот за туѓа нега, односно за помош и нега од трето лице коишто има одредени дезиформации дека не се исплаќа е исплатен изминатата недела, рече Спасов.

Тој истакна дека примателите на социјална помош редовно ја добиваат и субвенцијата за потрошувачка на електрична енергија.

OhridNews