Секоја година 10-тина деца кои израснале без родители, ќе се вработуваат по специјална програма, регулирана со посебен закон  – изјави во Скопје, претседателот на владата на РМ, Никола Груевски.

Според него, вработувањето на овие лица не треба да зависи од свеста на поединците, туку тоа ќе се регулира со соодветен закон. Целта е децата кои израснале без родителска грижа, да не бидат оставени на маргините на општеството. „Треба да се изнајде системско решение со кое најмалку 10-тина лица годишно, ќе се вработуваат по специјална програма. Тоа ќе им овозможи на лицата кои израснале без родителска грижа, да излезат од незавидната ситуација во која се наоѓаат“ – истакна Груевски.

Инаку, според Законот за социјална заштита, лицата од 18 до 26 години кои израснале без родители, примаат паричен надоместок од околу 4000 денари.

OhridNews