По сториите објавени во медиумите за крајно лошите услови во подрашното основно училиште „Браќа Миладиновци“ во Калишта, струшко, оваа образовна установа денеска ќе ја посети заменик министерот за образование и наука Сафет Незири.

Основното училиште „Браќа Миладиновци“ во селото Калишта во кое настава следат 24 ученици, буквално се распаѓа. Во старта руинирана зграда изградена пред околу 80 години нема основни услови за одвивање настава, а поради влагата децата постојано се разболуваат.

Родителите им поставија рок на надлежните институции да извршат реновирање на училиштето, во спротивно, тие се заканија дека повеќе нема да ги пуштаат децата на настава.

OhridNews