Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство распиша јавен оглас за давање под закуп на земјпделско земјиште во сопственост на државата. Со огласот опфатени се и 41 ари и 74 метри квадратни земјоделско земјиште ко е се издава во општина Охрид.

Максимална површина на која може да аплицира и добие еден понудувач по огласот во однос на понудените катастраски парцели е 10 хектари.

Времетраење на закупот за кој се издава земјиштето е: подигање маслинарници за период до 50 години, подигање долгогодишни насади за период до 30 години, Спортско рекреативни активности ру рален туризам до 30 години, Рибници до 20 години, Одгледување други земјоделски култури 15 години и ливади до 15 години.

Право на учество на јавниот оглас за доставување на понуди за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 10 хектари, имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица.

OhridNews