Карате клуб “Кун-су-то” Охрид имаше одличен настап на Државното првенство за кадети и јуниори У21, што се одржа викендов во Скопје. Клубот првенството го заврши со еден државен првак кој обезбеди пласман на Европско првенство и четири трети места.
Дамјан Митревски во категорија до 55 кгрстана Државен првак и обезбеди учество на Европско првенство, додека трети места освоија Анастасија Смилевска во категорија до 59 кг., Козма Митревски во категоријата до 55 кг., Наум Велески во категоријата кадети – 63 кг. и Сара Цикуш во категорија У21 – 68 килограми.
Одлични резултати дечки и девојки, горди сме на Вас. Продолжете посилно, порачаа од карате клуб “Кун-су-то” Охрид.
Државен првак, пласман на ЕП и грст сјајни одличја за “Кун-су-то” Охрид
OhridNews
















