По Анастасија Богдановски и вториот македонски пливачки преставник, Марко Блажевски го подобри својот личен и државен рекорд на Олимписките игри во Рио.


Блажевски за кој се крена голема прашина пред патувањето во Рио во 200 метри мешано исплива со време (2.02,54) и за 44 стотинки го подобри државниот рекорд.

Неговото најдобро време, сепак, не беше доволно за повеќе и од 27 пливачи, Блажевски заврши на 26-та позиција.

До крајот на Олимпијадата во Рио ќе настапат уште преостанатите двајца македонски спортисти и тоа атлетичарите Ристе Пандев и Дрита Исљами.

OhridNews