Имено, вчера околу 16 часот, пријавениот во атарот на селото Враништа забележал 10 годишно девојче кое чувало добиток. Тој го следел нејзиното движење од семејната куќа до месноста „Црковни ливади„ каде приближувајки и се од назад, ја фатил за левата рака. Веднаш потоа, зборувајки на албански, започнал да го допира своето но и телото на девојчето.
Нападнатата малолетничка, започнала гласно да плаче и да го моли У.Т. да не и прави ништо по што успеала да побегне од неговите раце. Набрзо потоа, таа сретнала жители од селото кои успеале веднаш да го фатат пријавениот и настанот да го пријават во Полициската станица.
извор: СВР Охрид