70-годишнината од донесувањето на Манифестот на главниот штаб на НОВ и формирањето на иницијативниот одбор на АСНОМ во Црвена Вода, Дебарца, Охридско, ќе биде одбележана со државни свечености. Парламентарната комисија за култура вчера ја усвои програмата за одбележување празници и значајни датуми во 2013 година. Таа содржи 22 настани и на 41 една личност. Дел од нив се од периодот на Народно ослободителната војна, меѓу кои е и одбележувањето на 70 – години од Манифестот на Главниот штаб на НОВ и формирањето на иницијативниот одбор на АСНОМ.

Минатата година, по повод 69-годишнината од овој значаен историски настан, во Црвена Вода беше отворена спомен куќата на Главниот штаб на НОБ на Македонија. Во неа се изложени фотографии, документи и извадоци од Манифестот на Главниот штаб на НОБ на Македонија, кој според Сојузот на борците од Охрид и Дебрца, е значаен колку и Крушевскиот манифест. Оттаму тогаш предложија токму на ова историско место во Црвена Вода да се одбележува и АСНОМ, со цел да се избегнат било какви условувања, како што е тоа случај со Прохор Пчињски.

OhridNews