Државниот инспекторат за градежништо и урбанизам постапувајќи во рамки на своите надлежности преку вонредна контрола направи увид во изгрaдба на објект во општина Охрид, објект кој се наоѓа во заштитетната зона на Старото градско јадро во Охрид, поточно во Старата охридска чаршија. При увидот, констатирано е прекршување на одредбите од Законот за градење, односно инвеститорот вршел градежни активности без Одобрение за градење за конкретниот објект.

Во рамки на своите законски надлежности Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам донесе решение број ИП 1бр 74-137 од вонреден инспекциски надзор со кое се стопира изградбата и го затвора објектот за понатамошни градежни активности. Против инвеститорот ќе се поднесат соодветни пријави согласно законските прописи, пренесува Тв 21.

 

Засилените контроли на Инспекторатот за градежништво и урбанизам продолжуваат и во следниот период на територијата на целата држава, најави инспекторатот.

Старото градско јадро на Охрид и чаршијата се дел од строго заштитеното подрачје на Охрид кој заедно со регионот и Езерото се под двојна  заштита на Унеско. Оваа година се навршуваат 45 години од ставањето на Охрид на листата на заштитено културно наследство (1980). Претходно Охридскиот регион беше ставен под заштита на УНЕСКО како природно наследство. На светот има само 39 места кои се под двојна заштита на УНЕСКО.

Г.М.
Извор: Тв 21