
Покрај него, како можни кандидати од редовите на ВМРО ДПМНЕ се спомнуваат уште и Димче Андрески, Гоце Цветкоски, Ѓорѓи Скепароски, Иван Димоски, Златко Силјаноски…
И СДСМ, се уште не објавува кој ќе биде нејзиниот адут на претстојните локални избори во Дебрца. Најголеми шанси му се даваат на актуелниот градоначалник Љупчо Којчиноски, но во јавноста се спомнуваат и имињата на други кандидати.
Законскиот рок за избор на кандидат за градоначалник на Дебрца полека истекува, и наскоро СДСМ и ВМРО ДПМНЕ ќе треба да ги разрешат сите дилеми за претстојните локални избори во оваа општина.











