Поради несогласувања со Боксерската федерација на Македонија-БФМ, стружанецот Наси Хани, не отпатува на квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри во Пекинг, што денеска започна во Атина.

Хани ја обвини БФМ за несериозен однос кон него, бидејќи како што ни изјави федерацијата одбила да ги сноси трошоците за настап на квалификацискиот турнир во Атина.

Од БФМ ми се јавија на само еден ден пред поаѓање за Атина и ми кажаа дека морам сам да си ги сносам трошоците за патувањето и настапот на турнирот, што е несериозно и недозволиво“,ни изјави Хани. Јас во Атина требаше да одам по олимписка норма за да ја претставувам државата Македонија на ЛОИ во Пекинг, а не на клупски турнир или заради личен интерес, рече Хани.


Разочаран од БФМ – Наси Хани

Тој вели дека е навреден и разочаран од односот на БФМ која според него е виновна што тој нема да оствари олимписка норма. Наси Хани кој е државен првак во категоријата до 91 кг. вели дека напорно се подготвувал за насптап на олимпискиот турнир но дека од неспортски причини е спречен да патува во Атина.

Горан Момироски