
Амбасадорот Рикер утре во Охрид ќе се обрати на отворањето на Конференцијата на Школата за млади лидери што се одржува под покровителство на Претседателот Иванов.
Во рамки на посетата на земјава Рикер, ќе се сретне со претставници на Владата, бизнисмени и лидери на заедниците, а ќе оствари средба и со амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс и со вработените во амбасадата на САД.
Ова е втора посета на Рикер на Македонија оваа година.












