Државниот студентски дом “Никола Карев” во Охрид, традиционало во месеците јули и август, својата дејност ја пренасочува кон туристичкиот пазар. Причина за тоа е се помалиот број студенти, но пред се фактот што тие не го користат овој сместувачки капацитет во летните месеци.
Студентскиот дом “Никола Карев” располага со 86 соби (23 двокреветни, 51 трокреветна и 8 четирикреветни соби), односно 231 легло. Цените се достапни за сечиј џеб, ноќевање чини 400 ден., а за 600 ден. добивате ноќевање со појадок, 760 ден. – полупансион и 910 ден. – полн пансион. Во моментов искористеноста на сместувачкиот капацитет на студентскиот дом е 80%, информира Жарко Куциноски, директор на Државниот студентски дом “Никола Карев” – Охрид.
Неодамна со мало финансиско вложување, успеавме колку-толку да го освежиме објектот, обичното осветлување го замненивме со лед, инсталиран е WI-FI безжичен интернет во целиот студентски дом, поставена е кабелска телевизија, лед телевизори, но имаме и други планови за во иднина за кои очекуваме финансиска поддршка од Министерството за образование и наука, односно од Владата. – истакнува Куциноски.


OhridNews













