
-Најголем криминал се прави со изигрување на законот на тој начин што после определениот критичен датум (3-ти март 2011 година ) на државно земјиште се гради импровизиран станбен објект, градоначалникот го легализира, се врши откуп на 500 м2 по цена од 1 евро по квадратен метар ,потоа се проширува плацот (повторно на државно земјиште) по багателна цена и на крај најчесто се продава по многу повисока цена (од 30 до 100 евра метар квадратен). Сите вклучени во овој нелегален бизнис грабаат од државниот имот. – велат од ДС.
Според ДС, ваквиот криминал лесно се открива врз основа од снимките направени преку “Google” каде јасно се гледа што било изградено до критичниот ден кој се зема како основа за легализација на дивоградбите.
-Очекуваме оваа појава да се сосече во корен, а градоначалниците кои во изминатите години правеле ваков криминал да понесат одговорност. – истакнуваат од ДС.
OhridNews











