Во просториите на Партијата Демократски сили на Ромите, огранок Охрид, синоќа со пригодна свеченост се одбележа 8-ми Април, Светскиот ден на Ромите.

Претседателот на ДСР- Охрид, Фејзо Шемо уште еднаш потенцира дека една од приоритетните цели на сите Роми во Македонија е побрзата интеграција во општествениот систем, подигнување на образовната и културна свест, намалување на сиромаштијата и севкупниот просперитет на Ромите во Македонија.

 
Ромите живеат во сите земји на Европа. Според проценките на современите истражувачи, нивниот број во Европа се движи помеѓу 12 – 15 милиони. Од нив околу 70% жиеват во земјите од источна и југоисточна Европна.

Меѓународниот ден на Ромите 8 април се слави во Америка, Африка, Азија, Австралија и Европа. Во Македонија се одбележува од 2007 год., по предлог на тогашниот ромски пратеник М-р Шабан Салиу и со одлука на владата.

8-ми Април се одбележува како државен празник и е неработен ден за Ромите во Македонија.

OhridNews