Во врска со изјавата на пратеникот Амди Бајрам дадена на митингот на коалицијата „За подобра Македонија“ во Охрид, во која вели дека : ,,Во Охрид нема многу Роми”, најостро реагираме и го демантираме. Во Охрид имало, има и ќе има Роми, доволно за едно советничко место. Бајрам не е компетентен да каже дали и колку има Роми во Охрид, тој може да кажува колку ги има во неговата општина, се наведува во демантот на партијата Демократски сили на Ромите .
Оттаму, потенцираат дека што се однесува до престојните локални избори, општинскиот огранок на ДСР , целосно и безрезервно ќе го подржи кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ , д-р Никола Бакрачески и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ предводена од д-р Јованка Точко.











