Претседателот на Турската демократска партија, Зулфикар Зејнула, заедно со потпретседателите, викендов го посетија огранокот на ДTПМ во Охрид.
За време напосетата беше нагласено значењето на локалните избори, при што беа испратени пораки за единство, и заедништво на заедницата.
Носителот на кандидатската листа за советници во Охрид на Турската демократска партија, Ајфер Ариф Муфти, истакна дека овие избори се многу важни бидејќи ДПТМ по повеќе од 20 години излегува со своја самостојна листа.
Турската заедница е битен фактор во креирањето на општествената политика во градот и ќе биде преставник не само на турската заедница туку и на сите сограѓани во Охрид, посочи Ајфер Ариф Муфти.
Средбата се одржа во просториите на изборниот штаб на ДТПМ во населбата Воска. Демократската партија на Турците на гласачкото ливче за советници го носи бројот 14.
OhridNews