
Замислете како ве следи гладен Tyrannosaurus rex затоа што ве доживува како вечера. Restless Planet ќе биде тематски парк, дом на најголемата колекција електронски диносауруси. Прв е претставен токму T-rex, а ќе има вкупно 109 диносауруси. Паркот е во почетната фаза на изградба , а сигурно е дека во една од најпопуларните светски туристички дестинации, Дубаи, ќе привлече уште туристи желни за авантура и новитети. Отварањето е планирано за крајот на 2008 година, а паркот е сместен во делот на Дубаи во кој владее забава, City of Arabia.
Иако деталите се држат во тајност , проектантите во јавност пуштија промотивна видео снимка со главната ѕвезда T-rex. Освен забавата паркот ќе пружа можност и нешто да се научи.
„ Restless Planet предвидува визуелно, звучно и тактилно искуство. Посетителите ќе имаат можност да искусат некои моменти кои се случувале во дамнешното минато на планетата“ вели еден од директорите на проектот Мустафа Галадари. „Екстремно, реалистично и застрашувачко ,но истовремено и поучно искуство, Restless Planet на повеќе од 46 илјади квадратни километри ќе пружа извонредна забава“ изјавил Галадари.
Јасминка Т. Момироска











