Кошаркарот на Минесота, Зек Левин ја одбрани титулата „крал на забивањата“ по епската борба со членот на Сакраменто, Арон Гордон во финалето.
Левин и Гордон во финалето по дополнителни две серии го одлучија победникот откако првата ја завршија со максимален ефект. Публиката во Торонто, а гледачите ширум светот уживаа според сите легенди најдобриот дуел во забивањата.
Во одлучувачката серија Левин освои 50 бодови, а Грондон 47 и кошаркарот на „волците“ остана крал на забивањата. Тој со одбраната на титулата влезе во одбраното друштво на Мајкл Џордан, Џејсон Ричардсон и Нејт Робинсон.
Во „тројкашкиот“ дуел Стеф Кари изгуби од својот соиграч Клеј Томпсон и не успеа да ја одбрани титулата. Во играта „брзи влезови и потези“ триумфираше центарот Карл Ентони Таунс од Минесота кој во финалето го совлада Ајзеа Томас.
OhridNews













