Со црковни обичаи, празникот Духовден, се одбележа и во Пештани.
Во локалната црква се одржа богослужба на која присуствуваа голем број верници.
Празникот Духовден, меѓу народот познат и како Дуовден, Света Троица, Педесетница, Свети Дух итн., се празнува десет дена по Спасовден (Вознесение Христово), а педесет дена по Велигден (Воскресение Христово). Овој празник се вика уште и Света Троица затоа што на едно место се јавуваат Таткото, Синот и Светиот Дух. Со одобрение на Богот-таткото се исполнило ветувањето на Богот-син дадено пред апостолите дека ќе им го испрати Светиот Дух.
Празникот Духовден нашиот народ го смета за голем празник. Тогаш не се работи, се оди во црква и на гробишта.
OhridNews