Откако вчерашните и денешните протести ексалираа и завршија со низа инциденти, Демократската унија за интеграција побара од граѓаните да не подлегнуваат на никакви провокации.

Како што истакна портпаролот на „интегративците“, Бујар Османи, ситуацијата е предизвикана од страна на некои политички субјекти кои играат на картата на национализмот.

Ги повикувам граѓаните да останат ладнокрвни и да не подлегнуваат на провокации. ДУИ гарантира дека секој што ќе крене рака врз деца и национално знаме, ќе го стигне максимална казна.“, изјави Османи.

Денеска и вчера во главниот град од земјава се одржаа протести, за и против одлуката за именување на Талат Џафери за нов Министер за одбрана.

Инаку, на денешните протести пред Владата, покрај тоа што беше запалено македонското знаме, оштетени се неколку автомобили, повредени полицајци, запален е автобус на ЈСП и искршен е надворешниот дел од Музејот на холокаустот.

OhridNews