Кандидатот на „интегративците“ за градоначалник на Скопје и член на најтесното партиско раководство Артан Груби, го повтори јавно искажаниот партиски став дека ДУИ ќе ја дадат целата поддршката на кандидатот за градоначалник на Струга од редовите на ДПА, Зијадин Села.

За сега од ДУИ, не прецизираат на кого ќе му се даде поддршка во останатите општини ширум земјава, каде нивните кандидати испаднаа во првиот изборен круг.
OhridNews











