Демократскара унија за интеграции и официјално ги потврди министерските и вицепремиерските места коишто ќе ги добие партијата во идната Влада.

Сега се договараат поделбата на другите места во државната управа, односно директорите на фондовите и агенциите и се усогласуваат програмите на партиите кои треба да коалицираат во новата влада.

„ДУИ ќе добие две вицепремиерски места, за спроведување на Рамковниот договор како и за евроинтеграции, додека од министерствата ќе и’ припаднат ресорите за  одбрана, правда, економија, животна средина и просторно планирање и локална самоуправа“ изјави генералниот секретар на ДУИ, Абдулаким Адеми во саботата при посетата на тетовското село Челопек.

Тој не ги откри личностите кои ќе седнат на министерските и вицепремиерските фотелји, кои, според Адеми, ќе бидат утврдени идната седмица до страна на Централното претседателство на ДУИ.

„Преговорите се водат во насока коалицирањето да биде врз партнерска основа со заедничка програма и заеднички цели – што побрзо интегрирање на Македонија во НАТО и ЕУ, подобрување на животот и стандардот на граѓаните“,изјави Адеми.

Лидерите на двете победнички партии на изборите имале досега две средби и биле во постојана комуникација. Преговорите на двете победнички партии сé уште траат, наскоро треба да биде обелоденет новиот владин состав.

OhridNews
извор: „Макфакс“