Централното Претседателство на ДУИ, на денес одржаната седница ја усвои листата на кандидати за градоначалници на идните локални избори 2013 година. Како што информираат од партијата, листата ќе биде поднесена до Централниот Одбор на Партијата за усвојување.

Кандидат за градоначалник од редовите на ДУИ за Општина Тетово се предлага : Теута Арифи, кандидат за градоначалник на Општина Кичево се предлага : Фатмир Дехари, на Општина Гостивар : Невзат Бејта, за Општина Чаир се предлага: Изет Меџити, кандидат за градоначалник на Општина Струга се предлага Арбен Лабеништи, на Општина Дебар се предлага:Ружди Љата, на Општина Сарај се предлага: Беким Мурати, Општина Желино се предлага: Фатмир Изаири, Општина Студеничани- Фати Исени, општина Боговине – Хазби Идризи, Општина Брвеница-  Енвер Пајазити, Општина Врапчиште- Бајрам Кадриа, Општина Пласница- Исмаил Јахоски и кандидат за градоначалник на Општина Теарце се предлага:  Исен Асани.

OhridNews
Makfaks