Од Демократската унија за интеграција не знаат кој ја одржува фејсбук страницата со името на нивната партија, на која денеска беше поставена објава со содржина „ОНА на чело на АРМ“, откако Талат Џафери ја презеде функцијата Министер за одбрана.

Не е официјална партиска страна. Не знаеме кој го држи профилот.“ – изјави партискиот портпарол Бујар Османи за „Макфакс“.

Во официјалната биографија, што веќе е објавена на веб-страницата на Министерството, е наведен офицерскиот стаж на Џафери во ЈНА и АРМ, но не е наведен неговиот ангажман во конфликтот во 2001 година како командант на 116-та бригада на паравоената ОНА.

На ФБ профилот на ДУИ осамна: „УЧК на врвот на АРМ“

 

OhridNews

извор: „Макфакс“