ДУИ ги повика сите парламентарни групи да го поддржат нивниот предлог за распуштање на Собранието и распишување на предвремени парламентарни избори, пренесува „Макфакс“.
Ова во синоќа го соопшти генералниот секретар на партијата Абдулаќим Адеми, по вонредната седница на централното претседателство на ДУИ.
„ДУИ смета дека Македонија како земја со демократија во развој има потреба од донесување на одлуки по принципи на широки и сеопфатни консултации, суштински дијалог за значајните теми и за политички и етнички консензус. Овие принципи се дел од Охридски Договор и првно-политичкиот систем кој произлезе со имплемтација на овој договр. Затоа сметаме дека одржувањето на предвремени парламентарни избори ќе создаде простор за коалиционен договор во кои што ќе се отвараат овие суштински прашања за граѓаните и државата“, рече Адеми.
OhridNews
извор:„Макфакс“