Новиот селектор на фудбалската репрезентација на Бразил го објави списокот на играчи за пријателските натпревари со Колумбија и Еквадор. Дунга, кој против Колумбија ќе го започне својот втор мандат како селектор на ‘кариоките’ на повика 23-ца играчи, а само 10 од нив играа на Светското првенство.
Од играчите кои ја имаа довербата на Луис Фелипе Сколари и кои играа на Мундијалот, Дунга ги повика Нејмар, Давид Луиз, Фернандињо, Хулк, Оскар, Вилијан, Луис Густаво, Рамиреш, Маикон и голамнот Џеферсон.
На овој списокт сигурно би бил и Тијаго Силва, но капитенот на Бразил и ПСЖ поради повреда еден месец ќе отсуствува од фудбалските терени.
Дунга повеќе нема да смета на услугите на Жулио Цезар, Дани Алвеш, Марсело, Данте, Максвел, Енрике, Ернанес, Паулињо, Фред, Бернард и Жо.
Бразил на 5.септември во Мајами ќе игра против Колумбија, а четири дена подцна во Њу Џерси за противник ќе го има Еквадор.
Списокот на Дунга за мечевите со Колумбија и Еквадор:
Голмани: Џеферсон (Ботафого), Рафаел Кабрал (Наполи)
Одбрана: Давид Луиз (ПСЖ), Маркињос (ПСЖ), Гил (Коринтијанс), Миранда (Атлетико Мадрид), Маикон (Рома), Фелипе Луис (Челзи), Алекс Сандро (Порто), Данило (Порто)
Ред за врска: Луис Густаво (Волфсбург), Елиас (Коринтијанс), Фернандињо (Манчестер Сити), Рамиреш (Челзи), Евертон Рибеиро (Крузеиро), Оскар (Челзи), Вилијан (Челзи), Рикардо Гулат (Крузеиро), Филипе Кутињо (Ливерпул)
Напаѓачи: Хулк (Зенит), Нејмар (Барселона), Диего Тардели (Атлетико Минеиро).
„Макфакс“