Апелациониот суд во Јужна Африка му ја дуплираше затворска казна на параолимпијецот, Оскар Писториус на 13 години и пет месеци.

Параолимпиецот минатата година осуден беше шест години затвор, откако во својата куќа со неколку истрели од пиштол ја уби девојката Рив Стинкамп.

Убиството се случи на денот на вљубените 2013 година, а тој се бранеше дека не ја препознал својата девојка и дека помислил дека некој насилно влегол во неговата куќа.

Тужителите испратија жалба после осудувањето на Писториус, а обвинителството ја прифати и ја дуплираше затворска казна на параолимпиецот.

OhridNews