На автопат близу Лос Анџелес во американската сојузна држава Калифорнија, се случи несекојдневна сообраќајна незгода – на дури 36 автомобили им се дупнаа гумите, откако од камион испаднала кутија со клинци, по што настанал хаос.

Имено, како што прикажуваат и снимките, некои возачи сепак успеваат да ја заменат дупнатата гума, но некои немале резервна, па морале да чекаат помош. Набргу по објавувањето на веста изби жестока дебата… Наводно, поранешен вработен во продавница за машински делови изјавил дека претпоставениот му рекол да ги земе шајките и да ги фрли низ прозорецот.

Но, според полицијата, овој инцидент не е намерно предизвикан.

OhridNews