Полскиот ракометен првак и еден од главните кандидати за титулата во Лигата на Шампиони, Кјелце како кула од карти се распадна во преполната арена „Јане Сандански“.


„Црвено црните“ со досега најубедлива игра во Лигата на Шампиони го срушија митот за непобледливост на полјаците во Скопје кое траеше три сезони.

– Вината за високиот пораз ја преземам јас бидејќи комплетно ја промашив тактиката. Вардар тоа знаеше да го искористи и да ги казни сите наши грешки. Големи пофалби одат на адреса од Арпад Штербик, но целиот одигра фантастичен и заслужено не победија – рече тренерот на полјаците, Талант Душебаев.

Голема причина за задоволство имаше во таборот на Вардар кој ја забележа петтата победа во Лигата на Шампиони.

– Очекувавме тврд и неизвесен натпревар, а таков и беше се додека не стапи на сцена Штербик. По неговото „будење“ на сите ни беше јасно дека приказната тука завршува. Како екипа одлично одговоривме на двата порази од минатата недела и сега ни преостанува да се бориме за првата позиција во групата. – рече Игор Карачиќ. 

Ohridnews