Екипата на Јувентус ги освои бодовите на Сан Паоло, откако во дербито во 15.то коло во италијанската Серија А со минимални 1-0 го совлада тимот на Наполи.

Човек на одлука на дербито на незадоволството од целито стадион беше Гонзало Игуаин. Аргентинецот кој минатата сезона од Наполи се пресели во Јувентус со погодок во 13-та минута ја круниса одличната контра на „бјанконерите“.

Со овој триумф „старата дама“ го престигна Интер на табелата, им се доближи на „азурите“ на еден бод и дополнително внесе неизвесност на врвот во Серија А.

Како најава за 15-та рунда во „калчо“ лигата Рома пред своите гледачи со 3-1 славеше против Спал. После 53 минути игра „волчицата“ го реши победникот постигнувајќи три погодоци.

OhridNews