Хрватска не го освои златото на Европското првенство, но Домагој Дувњак уште еднаш покажа зошто се вборјува во врвните мајстори во ракометот. Хрватот ја понесе наградата за најдобар играч на турнирот кој по неколку параметри ќе биде историски. Прв континенталниот турнир во три земји и прв со 24 репрезентации.

Дувњак беше играч на мечот во полуфиналето во историската победа на Хрватска против во Норвешка, а во финалето не можеше да се бори против компактната шпанската селекција.

Наградата за најдобар стрелец замина во рацете на Сандер Сагосен од Норвешка, додека Хендрик Пекелер од Германија е прогласен за најдобар дефанзивец.

Во тимот на ЕП место има за двајца поранешни играчи на Вардар. Дел од најдобрите се Игор Карачиќ и Алекс Душебајев. Место има уште за Блаж Јанц, Сагосен, Мангус Јондал, Бенс Банхиди и Гонзало Перез де Варгас.

МВП: Домахој Дувњак (Хрватска)

Најдобар стрелец: Сандер Сагосен (Норвешка)

Најдобар дефанзивец: Хендрик Пекелер (Германија)

Идеалниот тим:

Десно крило: Блаж Јанц (Словенија)

Десен бек: Хорхе Македа (Шпанија)

Среден бек: Игор Карачиќ (Хрватска)

Лев бек: Сандер Сагосен (Норвешка)

Лево крило: Магнус Јондал (Норвешка)

Пивот: Бенс Банхиди (Унгарија)

Голман: Гонзало Перез де Варгас (Шпанија)

OhridNews