Победничкиот погодок вреден полуфинале за Хрватска беше дело на Жељко Муса, но Домагој Дувњак на теренот во сите 80 минути колку што се играше покажа зошто е лидер на селекцијата. Капитенот во ниту еден момент не демонстрираше замор и слабост, а „коцкастите“ со погодокот на Муса ја совладаа Норвешка (29-28) и се пласираат во финалето.

  • Соиграчите и стручниот штаб заслужуваат честитки за рововска битка и епската победа. Се боревме и покрај паѓањето на колена, не потклекнавме во ниту еден момент. Сите играчи се жалеа на грчиве, но гледајќи во семафорот забораваш на се и играш до крај. Ваков луд натпревар немам никоаш одиграно. Заслужено победивме и ќе играме за златниот медал на ЕП: Им вративме за поразот пред три години на СП во Франција кога на сличен начин изгубивме. – изјави Дувњак.

Хрватска во третото финале ќе го брка првото злато од европските натпреварувања, додека Шпанија која преку Словенија стигна до финале ќе го брани трофејот освоен пред две години.

OhridNews