Учениците од ООМУ „Методи Патче“ со бројни награди се вратија од неколку меѓународни натпревари што се одржаа во Кавадарци, Скопје, Тревизо, Орбетело и Белград.

Катја Крстаноска на ученик по пијано во класата на проф.Ана Ѓорѓиоска, на Меѓународниот натпревар “Orbetello” – Орбетело, Италија, што се одржа онлајн,  освои I награда. Прва награда таа исвои уште на на два меѓународни натпревара, “Giovani musicisti”- Тревизо, Италија и  на натпреварот “Даворин Јенко”- Белград, Србија.

Ана Кузманоска на пијано, ученик во класата на проф.Ана Ѓорѓиоска, на Меѓународниот натпревар “Даворин Јенко”- Белград, Србија освои II награда. а на Меѓународниот натпревар ” Giovani musicisti”- Тревизо, Италија – III награда.

Ива Чанова ученик на флејта во класата на проф, Нина Момироска, на Меѓународниот натпревар ” Giovani musicisti”- Тревизо, Италија, освои III награда, додека на Меѓународниот натпревар Полихимнија-Скопје – II награда.

Миа Стојкоска и Елена Андрееска-дуо флејти, ученички во класата на проф.Нина Момировска, на Меѓународниот натпревар за камерна музика Кавадарци освоија I награда. Прва награда тие освоија и на Меѓународниот натпревар Полихимнија-Скопје.

Антица Николовска – виолина, ученик во класата на проф.Мухамед Бајрам, на Меѓународниот натпревар Полихимнија-Скопје, освои II награда.

Софија Пирузева, ученичка на пијано во класата на проф.Ана Ѓорѓиоска, на Меѓународниот натпревар Полихимнија-Скопје, освои  II награда.

Борјан Николоски, ученик на пијано во класата на проф.Ана Ѓорѓиоска, на Меѓународниот натпревар Полихимнија-Скопје освои III награда.


Дузина вредни награди на учениците од ОМУ „Методи Патче“ на меѓународни натпревари

Г.М.