Двајца доктори ќе трчаат на претстојните локални избори за функцијата “татко на градот”.
ВМРО-ДПМНЕ неодамна потврди дека актуелниот градоначалник, д-р Кирил Пецаков, ќе атакува на втор мандат, а како што неофицијслно дознаваме, негов против кандидат ќе биде Асен Шајн, доктор, специјалист, поранешен директор на Општата болница Охрид и актуелен претседател на Општинската организација на СДСМ -Охрид.
Кандидатурата на на д-р Асен Шајн, како што дознаваме, во наредните часови или денови, треба да ја потврдат највисоките партиски органи на опозициската партија.
Локалните избори ќе се одржат во октомври.
Г.М.