На 24 мај, околу 11 часот, во СВР Охрид било пријавено дека на ул. „Живко Чинго“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 49-годишна охриѓанка и патничко возило „волво“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 66-годишен жител на Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на полото и нејзиниот сопатник (41) од Охрид, додека со телесни повреди се здобил возачот на волвото, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

На местото на несзгодата извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.

OhridNews