На оваа тема се разговарало и на работната средба на градоначалникот Кирил Пецаков со амбасадорот на Словачка во Македонија, Хенрик Маркуш, што се одржа вчера. Фокусот би на априлската средба со амбасадорите на земјите чии граѓани се добитници на Светската награда за хуманизам.

Договерено е средбата да се одржи во средината на април, на која ќе бидат прецизирани деталите за свеченото откривање на споменикот на хуманизмот на 9 август. – информира градоначалникот Пецаков.

На истиот ден ќе биде доделена и годишната светска награда за хуманизам, што ја доби светски познатиот научник и македонист Виктор Фридман, а ќе му биде врачена и на минатогодишниот добитник Далимир Хајко, светски познат филозоф, есеист, литертурен критичар и професор на универзитетот од Жилина, Словачка, која поради ковид-кризата беше одложена на неодредено време.

OhridNews