Двајца браќа од скопското село Горно Количани утрово ги загубија животите копајки канал за поставување на водоводни цевки во Чаир, јавува Телма.
Тие работеле заедно со татко им и уште еден близок роднина кој го спасиле храбри минувачи кои притрчале на помош и со голи раце ја тргале земјата.
Трагедијата се случила неколку минути пред 11 часот часот кога големо колчиество земја се одронило во каналот каде биле тројцата работници.
За петанесетина минути на местото пристигнале две екипи на итната помош и скопските пожарникари кои вендаш почнале со ископување на земја од каналот. За жал, за двајцата браќа кои се на возраст од 26 и 28 годиини, веќе било доцна. Тртетиот работник е префрлен во Градската болница и е во стабилна состојба.
Околу 11 часот е пријавено дека на улица Кемал Сејфула, при вршење на ископ на земјиште со багер за водоводна мрежа дошло до лизгање на земја и притоа во каналот се затрупани три лица кои работеле на ископот. Две лица починале додека третото лице со возило на Итната помоше е префрлено во градската болница. На местото е извршен увид а известени се Јавното обвинителство и трудов инспектор, соопштуваат од МВР.
Извор: Телма