Двајца македонски туристи  денеска на пладне се удавија на плажата Спиле, кај албанското пристаниште Драч.

Како што пренесуваат албанските медиуми, станува збор за повозрасни граѓани на 80 и 78 годишна возраст од Битола , кои шест години по ред одмарале токму на оваа плажа.

Тие биле дел од група од 52-ца македонски туристи кои пред четири дена приситигнале во Драч.

Една од жртвите, боледувал од срцеви болести, наведува телевизијата Топ Чанел

Трагичниот настан се случил околу 11:25 часот на јавна плажа, на која немало набљудувач. Едно до телата го забележал набљудувач од соседната плажа, по што интервенирал  а откако влегол во водата го забележал и другото тело. Најпрво прсутните на плажата им дале дрцева масажа, но и на брзата помош, која веднаш стигнала, не и успеало да ги врати во живот. Првичните информации потврдуваат дека причината за смртта е срцев удар.

Од министерството за надворешни работи информираат дека, според информациите добиени од нашата Амбасада во Тирана, телата на двајцата македонски државјани се пронајдени починати во морето, близу Каваја.

Според информациите од нашата амбасада во Тирана, надлежните органи на Република Албанија работат на целосно расчистување на случајот. МНР останува во контакт со албанските власти преку нашата амбасада, соопштија од Министерството за надворешни работи.

 

 

 

ОhridNews